Што сè отфрла човечкото суштество низ сопственото живеење и работење - та да се создава толку многу отпад?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Жилберт&Џорџ: Не се сеќаваме, но тој вели дека после Русија нѐ прашал „Па, каде сега?“ и ние сме одговориле во еден глас: „Кина“.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во еден таков контекст, машката геј-култура, онака како што беше воспоставена, личеше на само редица стереотипи – и тоа хомофобични – иако премногу често, за жал, интернализирани и од самите геј-мажи.
И така, мораше да се преселам во Австралија, да се средам онаму со дечко двапати помлад од мене и самиот да минам низ сопствената геј-иницијација за да ги гледам за првпат, во 1990-тите, филмовине од 1930-тите и од 1940-тите што онолку ревносно ги избегнував во 1970-тите. (Излезе дека биле прилично добри.)
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако Љубовта е парадигма на спротивностите како такви, зошто тогаш во неа да не биде можно и само по себе разбирливо втопување на оксимороните, значи, настанување на тавтологии кои спротивностите би ги укинувале во смисла на concordia discors - на пример маж и маж, жена и жена, а, пред сè, космичката праформа на поврзување на спротивностите: хермафродит? okno.mk 239 “Исполнување” низ сопствената “сила за предочување” Леонардо да Винчи не доспеа до затвор само поради дружењето со во градот познатите и озлогласени ефеби.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Она а-нормалното не само што се бара туку и се велича.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се лизгаш низ сопствените раце, како јагула немирен, и за себе недофатлив И светот со тебе се лизга ко дете на тобоган, Привремено весело, сепак...повторливо, толку извесно просто неинтересно - се знае дека на крајот ќе падне она што паѓа од високо.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Вајаше, милуваше, обликуваше скулпторот, а со тоа како да се спровираше низ сопственото крвотечение, низ капиларите, низ свиоците на мозокот, низ талозите од годините и собитијата, низ честичките што Живот се нарекуваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мајкиниот живот силно ме поучуваше, низ многуте задржани и малкуте пропуштени солзи, дека секој си го минува својот живот низ сопственото чистилиште на страдањата, за да стигне до вистинските солзи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Или го прифаќате размерот на нивните амбиции, нивната само-декларирана желба низ сопствените слики да ги преобразат гледачите, а потоа и светот, или пак останувате надвор, гледајќи ги како карикатури, комични повеќе одошто космички уметници, чија единствена цел е провокација.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)