од (предл.) - греда (имн.)

Од гредата нагоре е „горни крај“, а од неа надолу — „долниот крај“, каде што остануваат и вратите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ниска, темна соба со крив таван од греди.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Луцијо,“ велеше. „Гледај Луцијо, што правам: оп, оп, оп!“ И потем скокаше од греда на греда.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гајдите свират, дури саѓите паѓаат од гредите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога стасаа другите двајца, Змејко веќе седеше крај печката, направена од големо бензинско буре, што се разгоруваше, а на ѕидот од греди висеше неговата пушка, сосема сува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите беспомошно се вртевме околу неа потргнувајќи се од гредите што крцкаа и гламносано летаа заедно со штиците од покривот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Везирот даде шест големи килими за џамијата и пари колку што треба за да се изгради пред џамијата чешма со три шопури.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој мост што ќе го направеа од греди, водата ќе го однесеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)