Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Талка низ камењарот, бара нешто низ маховината, низ јагликите, во трагите од дивечот, влегува во пештерите, ги ослушкува знаците по ѕидиштата, го одгатнува стенкањето на коските в земи, и дури татне луњата пали огнови, запишува нешто по ридовите, зашто секоја негова стапка е некоја тајна и некој збор.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)