Сендвичот мириса чудно, топката е кинеска, делчињата од количката преситни, сокот студен, игротеката непроветрена.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Бидејќи беше август, врело лето, стануваше многу рано, уште само што ќе се зазореше и јас од мојата соба горе на катот, го слушав цвичењето на тркалото од количката и грагорењето при истурањето на камењата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)