Арно ама, долномалци ја намирисаа работата и како „отруени" Бугари ги известија војводите Јована Гуровчето и Шаќира и овие со своите чети им го фатија патот на Цицовци и Кондиловци кон Полчишта и им седнаа во ѕидиштата од оградите на Бешишкото Поле, и уште кон стари вечери им удрија еден залп од малихерите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)