Подружницата се организира со одлука којашто ја донесува надлежниот орган на трговското друштво во согласност со договорот за друштвото, односно со статутот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Трговското друштво може да врши дејности и работи од предметот на работење на друштвото надвор од седиштето преку една или повеќе подружници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За Таиров, актерот е еден од предметите на сцената.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Низ пубертет минуваат сите човечки суштества, - ми објасни тој, по малку изненаден од предметот на моето интересирање.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На крај, кога ќе ги исцрпеше сите прашања, жалосно ќе затресеше со глава. - Седни. Петка од сѐ. Единица само од предметов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Подружницата може да ги врши сите дејности од предметот на работење на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)