Возбуден од глетката и со помошта на топлината од радијаторот, почуствував, прво, како да ми се крена некој капак од главата, а потоа како се намрштив, веројатно повеќе од машката мачка.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Стана од креветот и извади едно ребро од радијаторот. Од него направи жена.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Само го попуштија вентилот на парното, а тој летна во воздух и врелата, валкана вода од радијаторот плисна до плафонот!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)