од (предл.) - рака (имн.)

Попусто колнеше: „Огин да ве изгори! Трујач да ви биде!“ - и го тргаше од рацето на војниците.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го шетаме од рака на рака и не го даваме на обработка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ударот од истрелот за малку што не му ја исфрли пушката од рацете, толку го изненади.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лажичето, со кое го мешаше кафето, му падна од раце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можам само да ја мразам толку, да се згрозувам од рацете што ја фрлаат на под и од неа, од неа, уште повеќе зашто ја тепаат, зашто сум јас и ја тепаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чучук-Андреј со сомневање се накашла. „Знаеш дека било така, си им светел кога ги секле жените и децата?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЉУБА: Умеете ли да читате од рака?.. 216 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од рацете уморни одлета жолтиот срп и потпран на ридот се загледа в тихиот крај...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мушамената торба ѝ паѓа од раце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Траги од пет прсти, како отисок од рака. Кирооотеериум! Ратататата!“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ама, за разлика од други­те ќерки кои го добиваа огледалото од рацете на своите мајки, Мајка огледалото го доби мошне рано, од својот татко кој ѝ ја пренесе својата тајна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мусли бег не беше подготвен така брзо да го прифати предизвикот на Дамчета, но и не сакаше неговите да помислат дека се уплашил, па, не испуштајќи ја пушката од раце, рипна од коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стариот му се истргна од рацете, пак се свитка врз каменот и почна да ја удира главата од него, така што на веѓите му се дигнаа големи врги, а од челото му бликна крв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кутри Донче Спискоски, ја испушта капата од раце и само се држи за градите, се префаќа. Му залетнува некоја осилка и му се кинат некои конци под рацете. Не може да запре, да се соземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се обидував да мислам на Игбал и само на Игбал, ама не ми поаѓаше од рака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И го пуштам писменцето по вагоните, си оди од рака на рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се упативме кон тополите. Билјана веднаш се развесели, како пеперутка потскокнуваше и сакаше да ми се откачи од раката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
АРСО, ТЕОДОС, ПОЦКО, АМПО И ЦОНКА ТЕОДОС: (Доаѓа прв просто бегајќи пред Циганите кои идат по него.) Јас да бидам цигански кум, тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И во оваа камена гробница Арсо сѐ повеќе ја губи способноста да го држи чеканот што му паѓа од раката. А своето место не го отстапува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„О, мајко на северните езера и шуми, единствената што можеби го слушаш мојов шепот, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знаеш откопувањето не е лесно. Просто не ти оди. Од многу искуство си станала неспретна, не небрежна: сѐ ти паѓа од рака.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така е тоа кога ќе ти појде од рака да се дофатиш до ороводецот, посакав да речам! А нејзе тоа ѝ тргна од рака. Ти изостануваш!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Капакот ѝ падна од раце, сандакот се затвори и Бојана изморено се отпушти на него, изговорувајќи го тихо, од длабочината на душата милото име: - Крстане, Крстане!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чисти се одовде дур не ти го зграпчиме од раце!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Сеедно. Може сешто да се случи. Пие тој, пијат Калпаковите качаци.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ане одговори така од рака, па од зад грбот извади цел бинлак, и тоа плетен сиот освен газерот, и со чеп од пченкарна кочанка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во таа приказна, благодарејќи на мајчината љубов, детето се измолкнало од рацете на грдата судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми даваат и чај од богородична трева што на суво се собира ко тупаница, а во вода се отвора ко прстите од раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сестрата веќе не може да ми го земе, од раце да ми го истрга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајко се забриша со полата од гуната и стана да ја донесе софрата, но Митра притрча и му ја зеде од раце: — Ииии, браче! Ами кој ќе чуе ка ќе рече! На Митра Сукалова деверите ѝ а клаваат синиата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми ја допираат зглавката од раката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И така: со денови, со ноќи да не можам да си легнам, од раце да го иставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред да ѝ падне револверот од рака, не се праша дали навистина сакаше да го стори тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За да не го види насловот Милчо, Венче ја сврте книгата. Но Милчо ѝ ја оттргна од раката.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Стариот Јосиф го зеде детето од рацете на возбудената Амдие и со него трипати се заврте околу купелот, пред да го брцне рулчето во водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А каменот што излегуваше од рацете на народните непријатели беше употребен за градење вили за народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чизмите, Сотире, коланите, Сотире, брилјантинот, Сотире, јајцето, мајката твоја, е тврдо, а сум ти рекол да биде меко, и на човекот му дошло преку глава и му го попарил скутот со жешка вода небаре котлето му паднало од раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја жулкаше рачката како да ги жулка отисоците од рацете оставени од неговите изумрени, како да ги допира самите нив, нивната душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ми се лизна од рацете. Ко сапунче ми се лизна, И јас почнувам да викам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко му за херојство во Руско-турската војна од 1877 година, заедно со орден лично од раката на генерал Скобелев го прими и овој часовник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И од гуша, и од раце, и од уши, целата ќе ја оберат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Чомаку буков“, му ја зграпчи пушката од раце Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таков е обичајот да може и дете да биде нунко, па макар често пати да е нужно две жени од едната и другата страна да му го придржуваат кумчето дури попот пее над него молитви, зашто инаку сигурно би му паднало од раце на плочите од црковната паперта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гледаше како агентот се занишува, како паѓа и како уште долго гребе со ноктите по подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По тепачката, Нумо, полека почнуваа со откорнување на ноктите. Сеедно дали од нозете или од рацете. Болката е иста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Леле, тато, ама цвеќиња! - свика Билјана, ми се откачи од раката и се растрча по полјанката. - Тоа се јаглики! - реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сум рипнала од рацете на човекот што ме држел и тетин ми да не бил ќе сум паднела право на стомакот на мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ПЕТРИЈА: А, да му врзам една мокра крпа на кумот на главата (Ја кваси крпата од кофата од бунарот.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Неканетиот со ширум отворени очи го проследи неговото движење и му ја зеде од раце испразнетата чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Марија, сфаќајќи дека токму тука ќе биде оневозможена докрај да ја доведе својата замисла, го оттурна изненадениот службеник и истрча на терминалот, не испуштајќи го детето од раце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Пушти ме, мајко, сама ќе си одам, вели Капинка и се истргува од рацете мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Како не им е жал за детето, изроди едни - продолжуваше гневно мајка ѝ ... и, го зеде Карл од рацете на тетка му.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неговите прсти, долги како на музичар, му долазаа до средината на градите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едно Босанче така ни се откина од рацете и трча право кон бугарските окопи. Трча и паѓа. Не го крепат добро нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Авторот „Долу по полено, по врабацине, до срцево Сѐ е така и ноќ и нож в плеќи забиен Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака Ме плаши час од рака своја в плеќи“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И не го пуштам од раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во библиотеката Грдан бргу навлезе во работата и таа веднаш му тргна од рака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Побратим ми е, не ми се пушта лесно од рака...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И јас само подлипнав, ја испуштив лажицата од раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сама во самотијата, сама меѓу бреговите на смрта и брановите на животот, сама во самотијата!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Својот „трофеј“, без разлика што некогаш го поседувал некој друг, не го испушташе од рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, море, Јован, командире мој. Ние сме едноселани, а ти ме праќаш таму.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рози си ја избриша солзата со зглобот од раката, онака како што прават децата, и потоа со детска наивност таа нагласи, „Тогаш ние ќе се ослободиме од неа.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уште половина метар, уште половина метар и.. . длетото потскокнува и падна од раката на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднипати тежината ми слегува на нозете, вели, од рацеве се преместува на нозеве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Контрола на билети“, ми вели еден што повеќе прилега да биде истерувач во диско, а јас глупава и по малку глува, блеам во него како недоветна, да не речам мутава, а тој ми ја граба картата од рака, во која сум го стиснала несвесно... и ми ја враќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Налутен за нешто, веројатно што не го послушав да донесам дрва однадвор, дедо ми ја истргнал книгата од раце и ја фрлил во огнот...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ЗАФИР: И редот му е после толку работа!... (Работниците седнуваат да јадат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не видов кој го турна, но управувачот ми испадна од рацете, и батериите тропотно се распрснаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Мал, ќелав, никаков, орев да не му земеш од раката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ама како да се куртулам од овие фараони?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Таму, вели и се наведнува, ни го истргува завојот од рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Раката на Томаица се тргна од раката на Петар. Тој се сврте, ја погледна, а таа веќе ја имаше отворено чантичката, и бараше нешто во неа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но тоа ја налути Стана па силно ја потргна мачката за опашот. - Мјау-у! - Мјау-у! - жално списка мачката се истргна од рацете на лошото девојче и побегна дури во соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ми иде тука да стојам, и од рака да ми јаде слама...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојде и Куно Бунгур. „Слатка им е ракијата. Борис Калпак не ја пушта абердарката од раце. Појди, опамети го.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Минатата недела купив маса за билијард, ми рече, и јас и Стерл ја пренесовме на раце цели шест блока и тогаш со денови се обидувавме да ја составиме, но тоа никако не ни поаѓаше од рака. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 223
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Надвор поштарот одеше од едниот до другиот влез и прашуваше за некоја си Чана, а таа токму тогаш влегуваше во црната уста на влезот и грабнувајќи му го од раце одвај пропелтечи дека таа е Чана и дека ова писмо го чека со денови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А Оливера сѐ нешто несмасно држи: ѝ се лизга од рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
(Со брзо и пресметано движење, му го откинува револверот од рацете на Младичот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Саат вадам од рака зашто вредам, па ќе ме чека колку е нужно, а јас, јас и така доцнам триесет години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, на огнето не му беше потребно многу време за да ги пушти своите корења во сувото дрво и да почне да му се спротивставува, обидувајќи се да му се отскубне од рацете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А јас знаев дека Лествичникот, едноокиот, зборови такви угодни пред логотетот кажа затоа што знаеше дека со еден удар две муви убива: прво, логотетот се смилостивуваше пред „понизната“ душа на Лествичникот, и наклонет му стануваше за собитијата идни, и второ, Лествичникот добро знаеше какво сподобие грозно во одајата има, од рака моја пуштено, низ клучалницата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Десно од раката ставена на маса, беше филџанот кафе, сега празен, оставен само со црниот талог внатре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби ниедно живинче не ја преживеало оваа стравотна ноќ?“ - размислуваше момченцето, кревајќи се на мускулите од рацете, така што со устата ја бакнуваше напати студената, исчадена греда, па бавно се спушташе, нишкајќи се притоа со целото тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега уште повеќе исправен во сета своја корпулентност, дојденецот со заби ги истргна ракавиците од рацете и ги плукна на подот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се замисли длабоко, па како да се присети нешто, плусна со рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мастиката му се излева од раката, пепелта од цигарата паѓа на сите страни а од устата му излетуваат колку зборови уште повеќе плунки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Море напред, семката твоја“, свика војникот и го удри со кундакот, но Делин се изви, напна со сета сила и им се оттргна од рацете.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кои умрени се поменуват на свјатаја литургиа, тие се куртулисуват от руки дјаволски. Така рекл Христос.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Патрокле му ја грабна лирата од рака И почна да ја мазни меѓу прстите. - Триесет грама, - рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги оставив коските, отидов пресеков едно дапче, така нешто подебело од ракава и доста право, го искастрив и го кладов нарамо.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Чак Норис не пие и мрази кога сонот му го рушат пивски шишиња што од рака во рака, ги префрлаат момчиња на кои прстите им се ко шпагети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Другпат да не ти се повтори. - И ми ја грабна слушалката од рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мушамената торба ѝ паѓа од раце, и штотуку сфаќам дека зад грб можам да ѝ помогнам побрзо да го мине патот до уличната врата, до земјата и малку под неа, ја снемува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Татко ти навистина настојуваше тој срам малце да го подисчисти, но тоа тешко му поаѓаше од рака.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И едно фати, друго фати, ми ги зема од раце и ми ги свртува во клобурците, ги понесува. Јас лелекам, се траштам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога учителот ќе го најдеше со тие книги, му ги земаше од рацете и му велеше: „Фрли ги тие книги, и јас кога бев како тебе ги читав нив и си го мамев умот, им верував сѐ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И кожата му мирисаше слично, му беше мазна, топла, темна и оптегната над цврстите мускули од рацете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едо сепак го пушта диференцијалот на земја оставајќи ѝ ја сета тежина на Германија и тамам сака да пречекори да го подземе куферчето од раката на човекот во костум, увидува дека не може ни да мрдне од место.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не ги пуштаат од раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пагурчето со црцалка одеше од рака во рака.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Знаеме, бидејќи почуствувавме како ги испушти јажињата од раце, а за нас елените – влечачи тоа значи дека сме слободни, дека можеме да си поиграме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нежност покриена со црн превез, невиност сокриена во сенката на тагата, младост украдена од раката на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѓупци да си ги бришат носовите од раката моја!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Винстон ја посматраше еден миг. Потоа со ненадеен брз скок го грабна парчето чоколада од раката на сестра си и избега низ вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да знаете чисто зашто духовник зема души грешнии от руки дјаволски и ги доведуе у царство Божие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
— Главата не паѓа подалеку од рацете и од нозете свои, вели жената, никаде не оди без нив, вели и повторно се фаќа за работа на чешмата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа што не можеше да им појде од рака на империи и на разни режими кои владееја со Езерото, да го покаже вечниот свет, му поаѓаше од рака на Игора Лозински со неговите соработници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Стариот Циганин не пушта од рака таков лов, таков гопем крап. (Од десно се слушаат гласови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Затоа е решено да има минимум ризик, со тоа што се прави една копија на филмот, се става на еден стик и тој оди од рака на рака и така нема голем ризик од масовни апсења.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Моите мисли едноставно не сакаа да ме послушаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Работата и во сонот не ме пушта од раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум ги испуштила ножовите и момирокот од раце и на нив сум седнала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Телеграмата му падна од раце, лицето му помодре; касарната му се сврте, се потпре до ѕидот за да не падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Видов само како Горачинов ги испушта рачките од раце и ние, главечки, се ошевративме во едни папрадишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лицето не му го гледав, ама знаев дека очите му се исто толку темни колку оваа ноќ во Гоа и дека во секоја зеница му се огледува по една сјајна ѕвезда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога одеднаш оп, книгата ми ја снема од рацете!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Грета ја грабнува чашата сок од раката на едното дете, отпива од сокот и течноста ја исплукува врз Среќко кој се превиткува на подот. Сите стануваат. Настанува врева)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега единствено ноќта се движеше во душите на двајцата луѓе привиени над нивниот осамен оган во дивината; мракот молкум се вовлекуваше во нивните жили и тивко им баботеше во слепоочниците и зглавките од рацете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа ме префрлаа од рака на рака Маџи, студент по архитектура, трговците со привремен престој Жури и Цембла (со нив често имав и групка, сакаа ражен, им го правев ќефот, ме превртуваа сменувајќи си ги повремено местата за да ме гледаат еднаш во очите, еднаш во газот; зборот ражен лесно го изговараа, но им беше ужасно смешен), ме имаше и фудбалерот Хами, потоа Жизи, Сали и други.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
РИСТАЌИ: Вака-така ја одвлековме од рацете на тоа куче да не ја земе. Свршивме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А пак приказните на Огнена Гулева, дека низ моите одаи прошетале многумина... ме потсетуваат на снегот: напаѓал напаѓал а по него безброј траги, но само до утрината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе одев и кај што змиите гризат железо, нема мака за мајка, мачки да ја јадат, нема мака за живот, си мислам, ама пуста јас, вака само ќе ве гледам како ми бегате од раце, сѐ посама ме оставате, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Срната внимателно и плашливо го подаде муцето кои сенцето што ѝ го подаваше бате Јоле, го подушка, малку се поремисли, подразгледа наоколу и фати да си јаде исто како што од рака ни јадеа јарињата и јагнињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го поздравија бегот со темане и Марин Крусиќ, кој веднаш се претстави, ја грабна и кошницата од рацете на Сандри, и двете ги положи пред нозете на бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, такво чувство опфаќа кога воланот се ослободува од рацете и кога човек ќе се ослободи од дневната возачка психоза на напнатост и кога ќе престане да се тркала и да мисли на машината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој ден само прости недостигања. Гледам некои други луѓе... Ништо не ми оди од рака...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Бесно врескаше кога таа ќе престанеше да му става во чинијата, се обидуваше да ѝ го истргне тенџерето и црпалката од рацете, грабеше парчиња од чинијата на сестра си.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, од рака на рака, ќе ми испратат чоколада.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога со своите подадени раце и со некоја темјанушка на усните меѓу уште подзарцвенетите обравчиња, куклата покани “Повелете“, од рацете на Дедо Мраз испопаѓаа јажињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А ти, како да си ги испуштил дизгините од рацете, ми зборуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Моливот ѝ падна од раката еднаш, и падна двапати, но кога се наведнуваше да го земе, целата беше завртена со тилот кон Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сфаќаш ли ти, Винстоне, дека никој што сме го довеле на ова место не сме го испуштиле од раце неизлекуван ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само уште еднаш се насмевнува, свртен кон прозорецот и истрпнува, се предава. Од раце ми избегува детето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Делови од него постојано преминувааат од рацете на една во рацете на друга и токму можноста за заземање на овој или оној дел со неочекувано предавство, е она што ги диктира бесконечните промени на сојузништвата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мене ми паднаа ноктите од рацете и нозете. И едното уше. Докторот ме теши: ќе ти порастат...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ми се откинува од рака, вели Уља и само ми кршка од патов. - Си берев цвеќиња, стрино Велико, вели Горица и пак почнува да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали Турците или некои други комити што биле против овие. „Ајде, јади, од својот отров, му велеле, од својот зер труј се“ , му велеле и му сечеле меса од рацете, од лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Грета станува од столчето и половината од јазикот на Среќко ја исплукува во чинијата на соседната маса каде што седи една отмена дама со нејзините две деца.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А кога еднаш мајка ѝ рече дека кој ќе научи писмо ќе може да му пише на тоа момче што го сака, таа се зацрвене до уши, избега од рацете на мајка ѝ која сакаше да ја избакне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ТЕОДОС: Оф, главата! Ќе ми пукне главата... Дамла ќе ме удри! Оф, отидов од рака, Арсене!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)