од (предл.) - раѓање (имн.)

Му препуштив на Земанек да ѝ објасни; тој рече дека од раѓањето сум талентиран за еквилибристика, односно за акробации во кои најважно е одржувањето на рамнотежата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои велеа дека е од раѓање во дворот или во подрумите на некоја беговска куќа одамна напуштена и во распаѓање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и почувствувал дека го покрива топлина, пијан - не се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби сонувал свои соништа и можеби се чудел како можат толку, до болка, да го стоплуваат секаквите партали во кои како од раѓање да бил заплеткан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од раѓањето Горичино јас сум над неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мојот инает почна да расте, како што растев и јас. А водеше потекло уште од раѓањето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И покрај тоа што Татко инсистираше да се вратат на иницијалниот проект, односно на потрагата по опасните турцизми во нивните мајчини јазици, тој, сепак, продолжи: Франц Боп, како и Фаик Коница, ги претставуваше јазиците како човечки суштества коишто можат да се следат од раѓањето, преку животот, до смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Членот на Партијата живее од раѓањето до смртта под будното око на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш порано не помислил дека телото на една педесетгодишна жена, раскрупнето од раѓање до монструозни размери, потоа стврднато и огрубено од работа, може да биде убаво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука во Лондон, огромна маса луѓе никогаш немале доволно храна, од раѓање до смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти како сакаш„, ѝ рече на Тодора, „ама јас на огнот сум вечен роб уште од раѓање, а само господ знае дека на сите тревата ни е прва одежда, а црвите вечни гости”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сулфурот ни е составен дел на нашето дишење уште од раѓањето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оти од раѓање знаеме дека кој молчи ќе изџвака повеќе еукалиптус И спокојно ќе си сонува а сите знаат дека За секоја коала сонот е од првостепено значење И така демек слушам двајца кајшто се расправаат баш за соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Овие два облика на дистанца, временска и просторна, како да ми беа вистински неопходни, особено со шармот и со расцутот на провансалската природа, да се вратам во далечните спомени кои, како грутка исполнета со болка, беа задржани во душата, особено да се сетам на моето неславно враќање, во пролетта 1979, кога во родната Албанија се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се мислел, се мислел, мудрецот и рекол: „Душата, господаре: таа патува од раѓањето до смртта со човекот. Таа е светлото човеково...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште од раѓање сум Дедо Мраз, не знам зошто, ама тоа си е тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Никој не беше се сетил дека поканата за патување во Албанија ни беше испратена да ја реализираме во пролетта на 1979 г., кога во оваа земја на големи тапани се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овој роман, кој ја опишува петдневната рашомонијада на авторот во родната земја во пролетта на 1979 (кога овде се слави стогодишнината од раѓањето на Сталин), доживеа во Франција значајно толкување на своите внатрешни слоеви и пошироки значења од бележити француски писатели и книжевни критичари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Старице, ме гледаш со сините очи низ топлата пареа од витлерите на твојата седа коса -такви ми се очите од раѓање; Го пушташ твојот јазик и гледам ќе ме прашаш, низ прозор не умеам да гледам а колку ѝ е чудесен тој на девојкава до тебе; Избрчкана рако, помрднуваш кон мене не ти се моите очи мета на кому кому како што ли ни смета?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Режисерот, врз елементите на понуденото „сценарио“ на домаќините, односно посета со цел да се избере драма за Албанската драма во Скопје, по повод 100 – годишнината од раѓањето на Сталин од театарскиот репертоар на Албанија, имаше посебно место во делегацијата, но на тоа не обрнуваше посебно внимание.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со избрани зборови истакна дека на нашата делегација ѝ се чини голема, единствена чест, досега незабележана кон некоја странска делегација, да се подготви програма за гледање на најдобрите театарски претстави во кој триумфира социјалистичкиот реализам, по повод стогодишнината од раѓањето на великиот Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Следат пароли фиксирани со одбрано бело камење: Слава на великот Сталин, по повод 100-годишнината од раѓањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е огромно и бескрајно, а истовремено мало и ограничено, па се мери според она што ни се случува во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)