Пустите празници што ги пречекувавме со поглед, испилен од сапуницата в очи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„ Да сакав“, беше рекол О'Брајан, „ јас можев да реам како меур од сапуница.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако е така, тогаш мојата сонувана одмазда да станам фантома и да праќам писма ќе прсне како клубурче од сапуница.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ги собрав желбата, копнежот и сонот, и ги ставив во меур од сапуница.. да се распрснат заедно со него... Да не сонувам.. Да не копнеам.. Да не посакувам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас можам да се одлепам од подов и да полетам како меурче од сапуница ако сакам.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И неговите зборови за мир, неговата верба во цивилизациските придобивки на дијалогот и на разбирањето се распрснаа како меур од сапуница.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И затоа, решивме, по секоја цена да не признаваме дека нашиот свет е фиктивен и дека е меур од сапуница.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)