Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ми се чинеше дека кога татко ми ќе влезе во салата и ќе се сретне со учителката Вера, сите присутни ќе знаат дека тој, татко ми не е пречекан од учителката Вера како и сите други, туку некако поинаку...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Од учителката Мица обезбедија и подарок - убаво расцутена егзотична љубичица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)