од (предл.) - ќош (имн.)

Во земјанкта влезе политичкиот секретар на четата и праша: - Којa од вас знае да става вендузи? - Јас... - се слушна од ќошот срамежлив глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Требаше да одам да побарам кутија цигари, кога Жабе од ќошот му викна на продавачот: „Чане, дај му на Симона едно пиво, нека се олади“. Она „нека се олади“ го нагласи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така допираше во темницата од ќошот гласот на Пискулиев, тих и благ како обично, без некаква видлива промена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кожата му се наежи, како кога некое другарче како дел од детската игра ќе почнеше да стружи стрипор од ќошот на бетонскиот ѕид на зградата каде што живееше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да ги запрам водите, се насмевнуваше потоа осаменоста на Отец Симеон од ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Купувам старо, ревна ненадејно од ќошот Баждар нишајќи се во црното палто и со префрлена стара вреќа преку десното рамо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)