Можеби комитетот успеа во самата Македонија да биде општомакедонски, само не доби признание од надвор, во Европа? – Одвај ли.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се разбира во Атина им изнарекоа триста глупости, меѓу кои и тоа дека војната во Грција е пренесена од надвор, поточно од Југославија и Албанија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ебана од надвор, ебана од внатре. Од сите страни сардисана.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Они од надвор ли ќе ни диктираат шо да праиме, да им ебам крвта расипана.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Се дознало од надвор, и тоа дури и од добронамерни братски ултралеви партии дека Атеистичкиот музеј, таков каков што бил, ѝ нанесувал штета на земјата. Но тоа сепак биле гласини...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Маџир маало Ѕидовите со вар варосани од кои, ако се почешаш, целиот ќе си побелен, сарделата (во ИНА конзерва), долапите од надвор на „фасадата“ за тенџерчиња со бели точки, повторно со црвени сардели ползавци, блиску, блиску со дворовите, па за интимно кафе посабајле или чаша вино со „некој“ во квечерината - нема шанси.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Вие не сакате жена од надвор?“, рече. „Да, реков. Не сакам жена од надвор“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но би сакал да се оженам со некоја жена одовде, не од надвор“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од надвор дојде тресок, како да удри гром. Ама каков гром кога не светна?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тоа едноставно е здрава одлука да се зборува за постмодернитетот повеќе отколку за доцниот модернитет, без нужното прифаќање на секоја глупост напишана во име на постмодерната теорија.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Вие можете да се држите настрана, од надвор да набљудувате што се случува и да употребувате нови концепти, артикулации и модели.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Од надвор допре брмчење на кола. Домаќинката погледна низ прозорецот и рече: - Тоа е син ми. Најмладиот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)