по (предл.) - Велигден (имн.)

На Велја среда го пресече и го извади разбојот од тремот, за да ѝ го отстапи по Велигден на Митра и таа да чкрипне некој и друг лакот шајаци или некое козинавче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го легнаа на креветот во неговата одаја во јужното крило на господарската зграда и уште еднаш не се креа; по цели ноќе и денови кашлаше и со кашлањето исфрлаше и крв. Набрзо по Велигден почина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Е, најпосле Јован дрпна уште една лага во постите и ги бојадиса сите, дека на Велигден — по Велигден ќе имаат возможност да се радуваат на полни постели со витолишки убавици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)