по (предл.) - дома (имн.)

По дома муабет за дечко беше строго забранет и немаше таква категорија на роднина додека не се даде збор или свршувачка, ама затоа постоеја другари, блиски, блиски... па кога ќе раскинеш, оп - нов другар, уште поблизок, ама овој е најдобар по физика и, всушност, ти прави чест што секој ден одвојува време да ти потпомага во градивото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Било лезет, тврди една испитаничка од спротивставениот табор на здружението на излетнички, што на митинг одат со парола: „Што го чуваш по дома?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со добрина гостев, со убост ме нагостија, не улев на Бога, не ме стигна ни улерата, Господ ме чуваше од сотоната, ангели ми шетаа по домата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)