по (предл.) - карпа (имн.)

Несфатливо брзо и полетно движење на зборовите како млади дивојарци разиграни по карпите и бавната, трома мисла која заостанува зад зборовите и се крие низ јазикот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Препознаваш во него нечии живо запретани зборови во пепелта. Големиот камен, тој, кој ја прицврстува душата на предците. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И потем фати угоре по карпата, низ текстот, низ сочинението, оти освојувањето на сочинението е качување по гора, освојување на врв најизвишен, врвен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Чекај ме! - рече Бојан, па поучен сега од искуството на Денко, почна да се катери по карпата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Подигна Каме клепките, в очи му солза назреа, издиши гради, разниша, почна ко старец да реди: - Стојане, братко, Стојане, не можам веќе да сеам младост по карпи змијарник.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Шетавме низ папратта... се пентеревме по карпите. Ох, прекрасно си поминавме!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
1 На чардакот месечев на Сува Река жени и снег, жени и мрак. Наутро по карпите ползеше на змиите везилото од отров.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Царски е патот на змиите: ја сечат отмено поврвнината на брановите, легнуваат по карпите тивко, како сонце на залез се лизнуваат меѓу нозе очи в очи се судираат, исчезнуваат без страст, без отров секогаш совест од којашто извираат водите, се ведат змејчињата за да се одржи невидливата рамнотежа - услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)