по (предл.) - раѓање (имн.)

По раѓањето на Нешка, лицето ѝ се избистри и обеле уште колку што беше бело, очите ѝ светнаа како молња, косите ѝ беа заплетени, прибрани, а растресените цулевци како свила ги покриле ушите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така нашето духовно преродување и просветување кај нас, па и изработувањето на нашата писменост, поради географските и историските услови, има земено во првата илјадагодишнина по раѓањето Христово инаков од, а кај другите православни Словени инаков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подоцна, кога се смири, му кажа дека мајка ѝ ѝ родила братче, но умрело по раѓањето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Единствено што можеме да тврдиме е дека децата по раѓањето не го доживуваат светот на начинот на кој тоа го прават возрасните во одредена култура.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку минало од тоа време - човечка воздишка, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тоа е дел и од природата: мајката е онаа која го носи детето во себе пред да го роди, од нејзиното тело тоа се храни пред раѓањето и по раѓањето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сѐ се разликува од човек до човек. Од мајка до мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ова можеби му беше прво расплакување, по раѓањето, зашто Роден Мегленоски одамне не живееше во селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)