Ко пилиња под крилата од квачката, под пердувите мајкини. 76
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Расте под крилјата на моите пријатели Снежана и Саво“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Велгоштанецот на севозможни начини сакаше да му помогне, да го подготви младиот човек, да може утре кога не ќе биде под крилото на својот вујко да може сам да ги дочека и да ги издржи неминовните удари на животот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Онисифор Проказник мислел и пресметал, им се придружил на другите и Герасим од Побожјане. - Нека биде Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гулабите ги криеја главите под крилјата и така исчезнуваа во устите на лисиците и на невестулките.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А нема до кого да се добереме, кој да нѐ чуе, да нѐ земе под крило.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)