Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така е секогаш кога разумот на престапникот е над, и понекогаш, кога е под нивниот разум.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги гледам од под нивните кожни чизми, од под колена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И со чесните сестри исто. Под нивната шапка, како од магла, ме приѕира лицето од Велика.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Волкот под нивниот прозорец ја голташе нивната близина, тој беше дојден колку што се можеше поблиску по нивната миризба, сега, веднаш до ѕидот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да се вратам на серијата. Старешните се сите фино васпитани, разбрани луѓе, да ти е мерак да служиш под нивна команда.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)