под (предл.) - следен (прид.)

Транзицијата и работничките права Неодамна, за еден штрајк на текстилни работнички во Велес беше известено под следниот наслов: „Мизерни плати – експлоатација како во раниот капитализам.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во овој период вработените во „Топлификација Битола“ одржу- ваат и неколку состаноци со директорите од Скопје, во рамки на кои им е најавен прекин на работниот однос, и уште еднаш на нив е префрлена вината за лошото работење на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оздола удираа оние бранови на езерото кои се јавуваа во ноќта, шлапкаа долу под куќата и јас на месечината можев да ја распознаам онаа нивна бела пена што брзо исчезнуваше под следниот бран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поради ова, синдикатот во битолската топлификација, имајќи ја предвид новонастанатата ситуација, во декември 2007, одржува состанок на кој го разгледува предлогот на „Топлификација“ АД – Скопје за уредување на статусот на вработените, и донесува одлука во која јасно истакнува дека тој предлог ќе го прифатат само под следните таксативно наведени услови: 1) исплата на платата за месец септември, најдоцна до 25.12.2007; 2) од парите собрани од наплатата приоритет да имаат исплатите на придонесите и платите; 3) претседателот на синдикатот да има увид во изводот од банка, 230 со цел да не се вршат други плаќања сѐ додека не се исполнат обврските со плати и придонеси кон сите вработени; 4) исплатата на отпремнината да биде во склад со ЗРО (2005) и да се исплати до денот на престанувањето на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)