помеѓу (предл.) - двајца (бр.)

Настана молк помеѓу двајцата пријатели кога го напуштаа мост и скршнуваа десно крај кејот упатувајќи се по старата калдрма кон нашиот дом.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стар пајтон, кој беше минал многу времиња на градот, со ритмичниот топот на снажниот коњ, минуваше крај нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доста се намачив јас на тој човек да му објаснам дека љубовта помеѓу двајца е нешто многу силно, дека тоа е нешто што треба да го одржува човек во живот, да му дава сила кога му е најтешко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Полемиката се води помеѓу двајца наши угледни писатели, да не речам, книжевни аналитичари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред многу години, присуствував на разговорот помеѓу двајца наши еминентни писатели.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И секое утро на Александар му се гадеше од овој студен поздрав, кој требаше да фалшира куртоазна почит помеѓу двајца возрасни луѓе кои се познавале во младоста.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сега, во кафеана до врвполна со нејасно и згуснато жожорење, се сеќавам на неговата прикаска и го слушам или го измислувам морничавиот разговор помеѓу двајцата ранети: во нив се наталожува мраз , кора врз кора, и сепак се живи, ги држи омраза, еден мора да умре пред ругиот, тоа е нивна правда и нивен закон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, е слеана во амсив бестрашна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не бев сигурен колку ќе можам да придонесам во отстранувањето на недоразбирањето помеѓу двајцата пријатели но сепак спомнав, само спомнав, но за да ме слушнат и двајцата, дека пред година или две речиси бев сигурен оти никогаш повеќе нема да дозволам да се вљубам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)