помеѓу (предл.) - три (бр.)

б. Ако децата ти се помеѓу три и дванаес години, гифт–картата отпаѓа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
По цели ноќи минуваше со стариот добар приемник за да ги допре цариградските вести, да открие дали навистина, на Балканот, ќе може да се надева на подобри времиња и дали привремениот сојуз помеѓу трите балкански држави, ќе биде посилен од вековните анимозитети и спротивставености?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
136. Уште во својата прва научна работа „За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров” (1897) Мисирков го сврте погледот кон моравскиот дијалект на српскиот јазик и воопшто кон етнографијата на Шоплукот како меѓник помеѓу трите етноса – српскиот, бугарскиот и македонскиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На протиница не ѝ требаше многу да разбере дека се само привидни врските помеѓу трите категории луѓе во гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По поразот на Турција на Балканот и по поделбата на вечно несреќната Македонија помеѓу трите ослободени соседни земји, под нова чизма да паднат и одамна населените Турци и староседелците Македонци, некои и од едните и од другите, фанатички покорни на својата вера за да почитуваат и друга, не го сфаќале пријателството на двајцата некогашни војници, ги осудувале, ги избегнувале и ги сметале за предавници на својот род.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Споменикот со импозантни димензии и остар, предупредувачки облик што манифестира стремеж за моќ и доминација, каков што пред илјадници години го гледал митскиот Мојсеј во Рамзесовиот Египет, во оваа реалност, пресоздаден е на еден трет континент симболично поставен на просторот помеѓу три западни буржоаски идеала: Независноста, Уставноста и Праламентаризмот претставен во зградата на Конгресот поставена меѓу нив, на Капитол хил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)