Мојата компјутерски- проектирана рака ја досегнува и ја зграпчува топката.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Компјутерот постојано ја осовременува интеракцијата помеѓу моето тело и синтетичкиот свет што јас го гледам, слушам, и допирам.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ја извадив од ѕидот помеѓу мојот и твојот свет.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури и градот што беше спомнат како нејзино родно место таа тврдеше дека е измислен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А во овој момент не сум сигурен ни кои се допирните точки помеѓу моите и неговите размисли?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа бил единствениот начин за да втасам во моето далечно утре.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но во еден залет треба да ја прескокнам огромната далечина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си замина и многу осознаени но нерасветлени поединости однесе со себе.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Требало да ја совладам далечинава зашто само така можело да се надвладее чувството на празнина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали навистина мислеше така или искористи само уште еден од изговорите што умешно ги поставуваше како најприродни пречки помеѓу моето љубопитство и нејзините недопирливи тајни?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не знам чиј е гласот но тоа се зборови за празнината што зинала помеѓу моето вчера и она далечно утре заминато (не знам зошто) во некој друг дел од далечината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Велат постоеле поединци кај кои ваквите неусогласености се регулирале на поинаков начин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Впрочем за сите податоци запишани во „Откритиот лист“, што бил издаден на нејзино име за време на окупацијата при крајот на 1941 та, таа велеше дека се измислени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со едната плешка лежев врз нечија секира. Немав сили да станам и да се преместам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа некој ја стави својата тврда шепа помеѓу моето лице и земјата и ме покри со нешто.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А можеби бев и во посета кај Стариот писател Зрновски – се послужив со овој штотуку ископан податок, кој и за мене сè уште претставуваше обична претпоставка! – Или, само ми се причинува дека бев?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Неусогласености помеѓу моите рамислувања и постапките.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Флерт. 96 okno.mk Вечерва чувствувам некоја чудна животна енергија, некој посебен флерт помеѓу моето тело и моите мисли.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Многу години подоцна читав една студија во која Зигмунд, тогаш средновечен, објаснуваше како се станува жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стоев, или лежев, со страв и болка пред тој запис, пред таа трага впишана во крвта, пред тој белег чие насетување започна со свесноста за разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите промени кои требаше да дојдат, а за кои не знаев, ги насетував заради разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми; како што се плашев и колку што ме болеше помислата на таа разлика, така и толку ме плашеше и болеше необјаснивото навестување на односите со другите тела кои тогаш за мене беа нејасни; доаѓаа до мене, непознати, како запис кој се пренесува од генерација на генерација, уште пред да се чуе за нив, уште пред да бидат видени и искусени, запис пренесен преку крвта, силно врежан но во детството матен и необјаснив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)