- Ќе се видиме за неколку месеци, кога треба да си го наплатиме трудот,- изговори Ѓорѓе пружајќи ѝ рака при разделбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)