со (предл.) - тебе (зам.)

Биди добар, така другите ќе бидат добри со тебе, т.е. така си добар со себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Земанек ме сретна на коридорот и ме сопре; рече: „Што се случува со тебе?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не играј си, вели. - Не си играм јас со тебе, му велам, туку нозете мои си играат со мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Сакам да разговарам со тебе.“ Гласот му звучеше чудно и неприродно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, Претседателот продолжи: - Јас мислам дека требаше да оставиме уште некого со тебе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Истиот ден, некаде приквечер, дојде мајка ѝ: „Томе, сине, татко ти и јас имаме нешто многу важно со тебе да разговараме. Биди долу за половина час.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Почекај ме... Ќе донесам вино. Најпосле јас и не сакав да војувам со тебе. А ако сум те видел ваша милост, веќе нема. Друг сум јас сега.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми требеше и дојде, како нарачан. Имам нешто да говорам со тебе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Утринава ме најде командантот на бригадата и порача заедно да појдеме со тебе на падината над Пишишки Камен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Беше во право. Јас со задоволство разговарам со тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нека ја следи Божјата помош на твоите сестри лазаристки од редот на св. Пол де Венсан. И јас сум со тебе!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајко, зошто сето ова со тебе, со нас и со тато мораше вака да биде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И пак се тргаше. „Со тебе - каде?“ „Сегде“, и не ја пушташе веќе раката. „Знам едно катче од каде можеме да го слушаме мекиот галоп на глувчињата.“ И пак се сети - не, јас нема да умрам од смрт како секој друг; ќе умрам од живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа што се случува со тебе тука е засекогаш. Сфати го тоа однапред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова е, конечно, таа река, таа Сена, самогласник препречен в грло, заедно со тебе загледан во мувлата зелена на домот заборавен.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Можеби ти имаш многу вакви мигови.. но јас само го чекам мигот со тебе... за жед на срцето за возбуда... на телото за треперење... на животот живост..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„И јас ќе умрам со тебе”, рече Калија помирливо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Воздивна и Мехмед-паша: „Добро се разбираме со тебе, ибн Пајко ефенди! Жими вера, ти баш аза си.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Спремни и да поплачат со тебе само за да ти го поплочат денот со црнило. Глупата лековерна јас, слушам слушам зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
КОСТАДИН: На свадба со пари се кани!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Ако не си женет, поведи ме со тебе, вели Левтерија. - Каде, велам јас, кај да те водам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Само тоа? - Само тоа, Зоки. - Па тогаш јас ќе се оженам со тебе, бабичке...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Последново време не знам како да разговарам со тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Многупати му велеше: - Нервите ги изгубив со тебе!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Немам ништо против тебе, меѓутоа немам повеќе ништо ни со тебе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
БОРИС: Матеј! (Пауза) Врати се, Матеј. (Пауза) Сакам да зборувам со тебе. Сакам да ти кажам сѐ. (Пауза) Инаку ќе си одам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Што е со тебе?“ рече пасторот Рик. „Ништо посебно.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
– Како бре, – велам – гризнато, по ѓаволите! Тоа се вашите смешни фантазии.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакав да го знаеш сето ова. Сакав повторно да ти се допаѓам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако биде чиста и внимателно испишана, тоа ќе кажува дека си добра ученичка и сите ќе се гордееме со тебе.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„ Додека лежиш тука“, рече О'Брајан, „ ти често се прашуваш - ме праша дури и мене - зошто Министерството на љубовта би трошело толку многу време и труд со тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш баба му му се налути на Зоки. Веќе не знам зошто беше тоа, но му рече: „Срам да ти е, Зоки, не зборувам повеќе со тебе.“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ја погледа на месечината и ѝ проговори: — Ајде, море златна, со тебе сега век ќе векуам. Биди послушна како Стојна досега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мече се премислуваше нешто за час и наеднаш му се сврте: - А како би било да дојдам и јас со тебе?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Ќе појдам со тебе. - Каде, во која пустина, арамијо? - Каде ти, таму јас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На стрмно ни главата не стои со тебе, а ние сме клоцнале камења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И секогаш да ја носиш таа прекрасна насмевка на лицето, на која, сигурен сум, и птиците ѝ се насладуваат и надалеку низ песна ја раскажуваат, и ветрот со радост ја пресликува насекаде, во секој облак и поток, во секој морски бран, на површината од секој океан, облагородувајќи го ликот на земјата со тебе...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Колку ни беше убаво во нашиот стар стан со тебе и со сето она што ти го правеше за нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Станав и не знаев каде да одам. „Мир со тебе, Иларионе!“, рече Филозофот. „Успокој се, оти уште има“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го молев да не се покорува, да им се спротиви. Не ме послуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со лопата да ги ринеш... сакам да му речам на мојот двојник, но молчам и чекорам, осатавам тој да ми се јави откако ќе утврди колку е непријатно кога го игнорираат твоето присуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа од мене отиде со друг, со тебе, и тој место Марија го виде богословот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Улав си ти, ме пресече Ана. - Со тебе не може да се зборува.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Но тој повторно го истакна предлогот за брак со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам со тебе да го изненадам Саво, а историјатот за нашето патешествие ќе ти го раскажам со филџан кафе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега сум со тебе и во тебе. Утеши ме, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сепак те одбегнував, зашто ме плашеа честите средби со тебе, ми ја ослабнуваа волјата, ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот, а не требаше ништо да ме врзува со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ден и вечер си врват, сон не врзуваш. И јас со тебе заедно...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Со тебе, - му рече даскалот и се сврти кон нас: - Ете што ти е неук човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се лизгаш низ сопствените раце, како јагула немирен, и за себе недофатлив И светот со тебе се лизга ко дете на тобоган, Привремено весело, сепак...повторливо, толку извесно просто неинтересно - се знае дека на крајот ќе падне она што паѓа од високо.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе, макар колку аскер и заптии да доведат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Глупости пишуваат овие, тие ќе ми го раскинат бракот…, па јас сум сѐ уште со тебе во брак. И ќе бидам.“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Каква ќе биде таа прошетка ако само треба да те погледнам па да ми биде јасно дека со тебе ќе ми накисне душата, СОЛИЛОКВИУМИ водата ќе ми се лее низ вратот, кафеаните смрдат на влага, и скоро сигурно ќе е го забележувам нивниот притисок, непрекинатото уценување на секој чекор, како да ти завидуваат, сакаа однапред да те омаловажат за да ја загубам желбата да го дочекам твоето доаѓање, да излезам со тебе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лежев на твоите гради, го слушав чукањето на твоето срце и чувствував дека јас сум таму длабоко под кортексот во коморите и келиите на љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Многу се познати. Прави ѕвезди! Филмо се вика „Maytime”. Ако дојди Битола, да не го пропуштиш! Земи го Атинчето со тебе.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе - прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична љубов, а срцето ми крвавеше.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Знам, ти си за мене, со потсмешлива тага се наведнала; веѓите жестоко ѝ се извиле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Да не е со тебе, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој никогаш не лежел со тебе цела ноќ на плажата во Камакура, никогаш не ги слушал твоите кошмари, никогаш не чул како целото твое детство се менува под тие ѕвезди, се менува и се превртува, додека твојата детска уста се отвара да открие некое ново минато, секогаш она за кое тврдеше дека е реално и сосем вистинито.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не ја знаете ли пословицата: „Пушти си ја ногата колку што ти е чергата“, чергари парталави!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Mope, ќе те закола, да знам да умра, само а де, нека доведат девери ми некоа, таман ќе се отстрама со тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Онаа, што береше капини со тебе, паметиш?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледаше во мене со некое неверување но и за миг како да видов пркос во неговиот поглед кој како да сакаше да ми каже: - Во животот ми се случила и потешка разделба од оваа со тебе сега.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
БОРИС: Се стори. (Си тура себеси.) Тебе Матеја не те нудам, ти си домашен, лесно е со тебе. (Ја крева чаша.) За мир во светот. За американско-советската дружба. За радост и убајна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Се согласувам со тебе. Има такви, како што ти ги нарече -подбуцнувачи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе ми биде многу драго да одам на кино со тебе. Но, тоа татко ми нема да ми го дозволи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гордо отиде оставајќи ги да се надеваат дека сепак ќе легнам. Но не со тебе, не со тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас со тебе разговарам! - Разговараш? О мајн гот! Тој со мене разговара!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Жалам што не можев да го претворам во радост секој ден поминат со тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас и ти. Кандисуаш ли ти со мене на краот на светот? Јас кандисуам со тебе ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тоа што после настана меѓу нас нема никаква врска со тебе. Така испадна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Што станува со тебе? Риба ли си или ѕвер? - Ни риба, ни ѕвер!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сакав така да седам во тишина; сакав возбудено да разговараме цела ноќ како што правевме порано, сакав да најдам некој начин што не ќе звучи патетично да ти кажам колку убаво си поминував со тебе, колку ми значеше нашето познанство и како одеднаш сфатив дека бев толку сконцентриран на тоа да станеме љубовници што заборавив колку блиски бевме како пријатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе ти затребам, ќе дојдам и ќе бидам со тебе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мигот со тебе И повторно талкам во овие доцни часови до твојот ум, и никако да сфатам дека и да стигнам таму, ти пак ќе ме болиш...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Христина, што е со тебе, - ми зборуваше тој, - сонуваш нешто лошо, викаше во сонот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас сум дел на твојата судбина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ако решиме да те ослободиме, откако ќе завршиме со тебе, и ако доживееш деведесет години старост, ти сепак никогаш нема да дознаеш дали одговорот на тоа прашање е да или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ракоплескањето шуми како пролетен дожд врз ламарина по салата и од сите страни се чуствуваат извици: Браво! Ние се гордееме со тебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Напрај ме гаден! Напрај ме луд! Pubus, gorus, musculus, metacarpus…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
„Бравос, нунко, - се насмеа Орде. - Така ѝ требаше, нека те памети кога имала со тебе работа!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не сме во Среден Век, па да тргува со тебе! Се прививаш: Мора да биде така. ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Седевме без да зборуваме ниту да се допираме и се сеќавам дека помислив дека повеќе не сакам да се расправам со тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти совршено добро знаеш во што е проблемот со тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам дека Филозофот шега се бие и со тебе, и со казната твоја.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па, можеби и ќе ти се загуби некаде намерно, за да не биде повеќе со тебе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
НЕДА: Јас не сакам да останам сама дома. Ќе дојдам и јас со тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ни испраќаат некои немирни бранови дури и во соништата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Но ако легнам со тебе, и самата сетне ќе мирисам на прчовина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ беше подготвено за последното збогување со тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еве, со тебе сме во добро и во зло!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Да појдеме со тебе“, рече еден од браќата. Не знаеше кој.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како никогаш да не бил жив, како никогаш да не бил со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сакам и јас да дојдам со тебе, - ми рече таа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Што се случува со тебе, човеку?“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Господ со тебе, што зборуваш?“, му рече.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се прашувам, кој би можел да ја плати цената на времето, потрошено со тебе?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сите сватови пред ресторан со цигарите, ај’ уште една за друштво со тебе, еј ај’ со тебе, види и со нејзе... а музиката свири ли свири, а не знам кому.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ти не ја испушти приликата мајчински ги измолза боските солени, а млечни се наведна похотливо длабочините да ми ги одмериш според ехото па кога се увери - има кај да претечеш се прели без остаток во мене преполна и тешка водена, се изедначувам со тебе!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Ќе те обесат, абдалиште. Кажи дека не си виновен, дека Онисифор Мечкојад сака да се извлече со тебе.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Да, да, и јас ќе пијам со тебе. Ајде“ со тивок глас рече Атина и излезе од собата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
— Влекле, не влекле, кога си кандисал ти и јас ќе идам со тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Смислуваат приказни. Сакаат да нѐ соблазнат со своите убаво стокмени измислици.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Те држат како прогонета ѕверка, ништо да не можеш да направиш, а постојано да гледаш што се прави со тебе. „Според човекот и несреќата, велеше дедо, за секој друг човек, друга несреќа.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не, јас сакам да берам заедно со тебе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Каде?“ - праша. „Со тебе“ - ладно. „Ајде!“ Неспретно се поттурнуваа во мракот, како да имаа трема.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ти си дом наш светол на работен народ во секоја душа, град, фабрика, село живееш и растеш а со Тебе ние, Републико наша, наше дружно дело!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
- Види, јас додека се дружев со тебе воопшто не контактирав со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас ќе ти помогнам, ќе одам кај сакаш со тебе и со твоите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си се стуткал тука се тресеш како вдо… распуштеница. Мајтап си играат со тебе.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И сега кога чека повторно... таа се движи по патот на судбината со надеж.. дека сенката ќе ја снема .. дека повторно ќе биде онаа која е, кога е со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„Освен тоа, не гледаш ли дека се шегував со тебе? Каде ти е чувството за хумор?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ама така ќе ја направиш таа работа што тој да запамети оти што пред тргнување на војна легнал со тебе. Мутлак треба така да направиш, ѝ рекол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Збогум, дену. Со тебе ќе бидат закопани и моите спомени, желби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Јас ги оставив со тебе, вели, а не со ангели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку било тешко да си среќен, си велам, а несреќата си е постојано со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Татко ми нема ништо со тоа... со тебе.“ „Тој ме замоли да зборувам со тебе.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Еда, клај крст на чело оти останав, и велам, со едно мечиште вака, колку со тебе наблиску се сретнавме, ба му газникот, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ако сакаш, можам да останам со тебе или повремено да доаѓам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти добро си знаеш дека мене не ме личи некој да ме види со тебе седната тука под дивјачката, сама девојка тоа не го прави, да си го пушти беќарот да седне до неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Кутрата дада, за кого се мачела, на кого деца оставила, подобро и нив, сестро, со тебе да си ги зеде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Туку дојди, рака да фатиме, вели. - Да ми се фатиш, вели Наќе, поарно да ми се исуши раката, отколку со тебе да се поздравам, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— И јас ќе дојдам со тебе, му велам, и одиме заедно горе, се искачуваме кај чешмата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Проклет да си, пушти ме. Ќе нѐ видат. Утре и мене ќе ме набркаат од селово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама, кај се заборавала болката што е со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не стои само со тебе, до никаде не те покажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прифаќам! Се извинувам. Дури сум спремен и да се сложам со тебе дека шегата не е нашиот единствен проблем! Ги имаме и премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Цела Азија е со тебе, и вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
РАЈНА: (На Султана) Не зборувам со тебе. (На Евто) Слушаш? (Пауза) Слушаш ли? Утре рано да го носиш!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Бог и мир со тебе, оче Иларион. Амин.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сеедно, си мислам, веќе нема излегување со тебе. – Враќај го – велам – да му се сневиди!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се престоруваш земја и камен. И длабоко со тебе ќе пропаднат нашите грстови вода за да остане пусто ова распаќе без корени и без деца!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Драмата што јас ја играв со тебе седум години, ќе биде одново и одново играна, од генерација во генерација, секогаш во посуптилна форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лели ќе ме земиш со тебе? Како ми велеше зимоска? Сети се само колку убаво си а поминаме ваа зима!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Па ние сме со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гамену, зошто ме повика и зошто дојдов во онаа ноќ со тебе?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)