со (предл.) - жалба (имн.)

Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
При одлучувањето за барањето за надомест на нематеријална штета, како и за висината на нејзиниот надомест, судот ќе води сметка за значењето на повреденото добро и за целта за која служи тој надомест, но и за тоа со него да не им се погодува на стремежите што не се спојливи со неговата природа (чл. 189, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Против пресуда донесена во прв степен странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата, ако во овој закон не е определен друг рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Министерот за правда донесува поблиски прописи за надоместоците на судиите- поротници (чл. 64, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Навремено изјавена жалба спречува пресудата да стане правосилна во делот што се побива со жалбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претседателот на судот може на седницата на судиите да покани и судии- поротници кога се разгледуваат прашања што се однесуваат на учеството на судиите- поротници во судењето (чл. 92, ст.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, на барање на оштетениот, ќе досуди надомест и за идна нематеријална штета ако според редовниот тек е извесно дека таа ќе трае и во иднина (чл. 192, ЗОО). 7.  Второстепениот суд ја испитува првостепената пресуда во оној дел во кој се побива со жалбата, во границите на жалбените причини; а по службена должност внимава на примена на материјалното право и на повреда само на некои таксативно наведени одредби од ЗПП (в. и чл. 354, ст.1sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одлуката за трошоците содржана во пресудата може да се напаѓа само со жалба на решение, ако истовремено не се напаѓа и одлуката за главната работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Пресудата која повеќе не може да се побива со жалба станува правосилна, доколку со неа е одлучено за барањето на тужбата или противтужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)