Законодавецот овде повторно го заобиколил Уставот, кој пак јасно пропишува дека „Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.“ (чл. 34) и дека „Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, согласно со начелото на социјална праведност.“ (чл. 35).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
За асоцијациите на работниците и на работодавачите види повеќе во научно-истражувачката студија на д-р Здравко Савески, м-р Димитар Апасиев, Александар Ковачевски и Кире Василев: „Обезвреднување на трудот – Анализа на трудово- правната легислатива во периодот на транзицијата“; Движење за социјална правда „Ленка“, Скопје, 2010; стр. 47-50.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Страните можат со договорот однапред да се откажат од повикувањето на определени променети околности, освен ако тоа е во спротивност со начелото на совесност и чесност [bona fide] (чл. 125, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При одлучувањето за раскинување на до- говор, односно за неговата измена, судот се раководи од начелото на чесност во прометот [bonos mores] – водејќи сметка особено за целта на договорот, за нормалниот ризик кај договорот од односен вид за општиот интерес и за интересите на двете страни (чл. 124, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Медијација е начин на решавање на спорови во кој страните спорниот однос настојуваат да го решат на мирен начин со помош 51 на еден или повеќе медијатори, кои на страните им помагаат да пос тигнат заедничко прифатливо решение; медијатор е физичко лице кое ја спроведува постапката за медијација согласно со начелата за медијација; постапка за медијација е посебен вид на постапка која по својот карактер е доброволна, ефикасна, брза и евтина страна во постапка за медијација е физичко или правно лице кое учествува во медијацијата и чија согласност е потребна за решавање на спорот и Комора на медијатори е организација на медијаторите која ја унапредува медијацијата и го организира работењето на медијаторите (чл. 2, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)