со (предл.) - чашка (имн.)

Не смее да одговори: би паднал во сопствената замка повторно немајќи увид во грешката, а потоа и без да забележи би се изел себеси покрај појадокот, гледајќи од страна потпрен на лактот - невклучен, помалку морбиден и неразбирлив, смешкајќи се со чашката млеко и вареното јајце - како еден куп долго собирано ѓубре зад кое се крие мотивот за неговото не толку очигледно самоуништување. И што:?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неколкумина други, стоејќи наоколу со чашките во рацете, ја следеа сцената.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му реков, „руски човече врати го мечот во канијата, ти умееш со ременот како јас со чашката“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најинтересни беа жените; боже, велеа луѓето, највесело од сѐ било - да гледаш жени пијани; пиеја од котлињата, мавтаа со чашките и пагурите и викаа, пискаа: Ихуууу!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако сака со чашка да се напои, со една рака ги држи мустаќите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се случуваше некој од нив да се пожали и поради недостижноста на женска, принудна врска помеѓу два исти пола или украдена финта од страна на колегијален соперник за, со чашка прекрасно виски, неронско-ораторски да заклучи дека сите најдобри муабети отсекогаш останувале по бифеата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)