Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Целиот танец списка и се загаа кон Толета за да го одбрани од сигурната смрт, но Аќиф беше побрз од сите и замавна со јатаганот да го удри по теме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го бапна на земја и тргна да го поведе танецот, доволен што си одмазди за некнежните удари со јатаганот по раце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако млад, речиси момче со фес и со јатаган во црвеномодриот појас, не бил брз - поткривнувал од стара рана од која понекогаш едната нога останува покуса.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор спиел со студена грутка воздух во грлото и со коленици залепени за длапката на мускулестиот стомак но обеспокоен од сила на необјаснива враџба, се тргнал и ја подал раката кон кубурата на педа од него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил уверен; сепак претпоставил дека од маглата на страшните соништа во кои не можел да замавне кон некого што го бодел со јатаган, го извлекол шум.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ што имаше се исфрли надвор и сејмените прибираа што можеа да понесат, а што не можеа, кршеа, туркаа, сечеа со јатаганите, и расфрлуваа по двориштата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јатаганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)