со (предл.) - човечки (прид.)

Почна со човечки глас да ѝ шепоти на ушето нешто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние повикуваме на човечка, а не национална свест и совест, бидејќи нашите нации сега се дојдени во спор со човечките норми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Винстон не можеше да се сети дека некогаш видел ходник чии ѕидови не се измаслени од допирот со човечки тела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Основните тези се дека компјутерските модели (машините) можат да се користат за покохерентно прикажување на барем неколку психолошки теории на когниција, додека во исто време, истражувачите ангажирани во борбата за градење на интелигентни артефакти (AI) можат да изведат идеи за подобрување на своите системи од резултатите на експериментите со човечки субјекти водени од психолози.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За така добиените резултати да можат да се изразат со човечки говор, претходно мораат да се ослободат од товарот на квантификација и попредметување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Според второто стојалиште, што го застапува и Соломон Маркус, се укажува на функцијата според која „звуците во поезијата и преку неа стапуваат во директна врска со човечките доживувања после симптоматските и симболичките коренсподенции помеѓу фонетските појави и вонјазички појави.“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се слуша, веднаш не се знае од која насока, некакво чудно квичење и никој од двајцата веќе не знае дали кон нив се доближува ѕвер со човечка болка во кучешка душа или човек со тага на пес во грлото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стотици мртви и еден коњ, премногу за тоа запурно лето без гуштери на излишавените карпи, сите до една слични на згрчени чудовишта, еднаш, кога и да било, ќе се тргнат од летаргија и ќе појдат да се хранат со човечки коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ако замислиш нема педа земја што не е натопена со човечка крв и нема чекор земја во која не лежи закопан човек...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па, нему и крвта со човечки глас му плачеше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов едно куче со човечка нога в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велат дека сојките некогаш блекаат ко јагне, некогаш мекаат ко јаре, а некогаш свират исто ко со човечка уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другпат му влегоа низ прозорецот некои големи ѕверки со човечки глави и му велеа нему и на жена му: Каде ни е детето?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За нив животните се еднакви со човечките суштества токму поради избегнувањето на страдање, и затоа треба да бидат третирани како луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќето ја преспаа прикаската за зеленобрадиот господар на солунскиот трговец Арон. Заспав и јас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонував зелено: гробишта со зелени крстови, на тие крстови зелени врани се кикотат со човечки глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Одиш по планините, самјачки се задлабочуваш во далечините веќе со години не-тука, не-ти клекнуваш пред јагодите, шумските боски розовата страна на смртта со човечки мирис да ги обросиш пред да се вовреш меѓу сушните лисја пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците и да ја доживееш, глеј, одненадеж уметноста на пелцувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)