По оваа размисла за идеалистичкиот подвиг на Камилски и кога виде дека ништо не може да промени, освен да појде во Клиниката и да најде изговор за одложување на операцијата за други времиња, Сотир Пасакли со сосем друг тон му се обрати на својот некогашен професор, кога слегоа во холот на хотелот:      Јас, почитуван професоре, имам, на крајот на краиштата, и разбирање за Вашата постапка.
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)