Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И, да не должам многу, добри мои, уште неколкупати се повторило тоа: „Ама ако не беше мојата наметка, ќе накиснеше до кожа...“ и „Многу ти благодарам...“ па на човекот што си немал своја наметка најпосле му прекиснало, му прелило што се вели, па се симнал од коњот и сосе алишта се фрлил во реката.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ќе кренам оган, сосе алишта да горам, и само лебови ќе сонувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имаше една Кира, што ја прекарувавме ,Сталинова кашлица", ќе ме изеде сосе алишта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Колку кила имате, прашува Енес. — Четириесет и пет сосе алишта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)