според (предл.) - барање (имн.)

Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Изнурнаа фансингарите на Смртта како пљачкашки банди за да убиваат по одобрение, според барањата на божицата Нација; да пљачкосуваат и парчосуваат тела, како што некогаш, Маргина 36 37 додека Британците не ѝ го ставиле крајот, божицата Кали барала од своите следбеници, тагови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)