Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Машко друштво “Осамени срца” со седиште на улица “Бојан Мурџев” 26, Припор, број на членови: променлив, возраст: од 50 до 80 години, организационо - според идеите и целите - хомогенизиран состав, но внатре структурно дејствува во три секции реско изделени според возраста (од 50 до 60 години, од 60 до 70 години и од 70 до 80 години).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)