Она што се случувало во средината на 1944 година, под влијание на победите над силите на Оската, според експертите на британското Министерство за надворешни работи, "повторно ја оживува руската традиционална политика".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, Британците сакале, кога ќе дошло време за тоа, да го кажат својот збор „и во однос на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како прво се набележани југословенските интереси во кои, според експертите, "југословенскиот интерес во Македонија е српски, без удел на Хрватите и Словенците, освен индиректно".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, таа одлука, според експертите, „не би била лесна од наша гледна точка,“ бидејќи Велика Британија имала доста активна улога во внатрешната политика на Југославија и на Грција, а и таквата определба би била против британската волја да се откажат од неа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Предноста на давањето целосна поддршка на Тито, според експертите, „би била во тоа што би поддржувале можен победник и тој не би имал толкава потреба да бара поддршка од Русија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, според британските експерти, во средината на 1944 година, штетите веќе станале очигледни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според нив, „за Србија, моравско-вардарскиот пат до Солун е географски природен пат до морето, блокиран со грчкото поседување за излез... но, како и да е, се чини дека зоната во грчкото пристаниште југословенските власти ја сметаа назадоволителна и гаеја надеж да го добијат Солун целосно…“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Целокупната таква политика водела кон единствен „природен“ заклучок, имено, дека тие „повторно ќе почнат да тежнеат кон предоминантно влијание на Балканот“ и дека тоа ќе се обидат да го постигнат со истите средства како и претходно, „работејќи на формирање влади кои ќе ѝ бидат потчинети на Русија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)