Ти не ја испушти приликата
мајчински ги измолза боските
солени, а млечни
се наведна похотливо
длабочините да ми ги одмериш
според ехото
па кога се увери
- има кај да претечеш
се прели без остаток во мене
преполна и тешка
водена, се изедначувам со тебе!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)