Она во што биле сигурни британските експерти, според развојот на настаните, било дека самото формирање на македонската држава во основа не го исклучувало прашањето за обединувањето на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во неа посебно се истакнувало дека според развојот на ситуацијата на сите фронтови војната во Европа се приближувала кон својот крај.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од своја страна, имајќи ги предвид програмските цели на македонското народноослободително движење, политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија во своите настапи како зацртана цел го имала обединувањето или влегувањето во некоја поширока федерација на балканските народи каде што повторно Македонија би била обединета.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)