Судот, со оглед на сите околности и според свое убедување ќе цени од какво значење е тоа што странката која ја држи исправата не сака да постапи според решението на судот со кое ѝ се налага да ја поднесе исправата или, противно на убедувањето на судот, одрекува дека исправата се наоѓа кај неа (чл. 218, ст.1-2 и ст.4-5 од ЗПП). 173 Х.Џ. против Охис Пласт Спор за неисплатени плати
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога странката која е повикана да ја поднесе исправата одрекува дека исправата се наоѓа кај неа, судот може заради утврдување на овој факт да изведува докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според решението од највисоко место, треба да се трансформираат планинците и селаните, овчарите и земјоделците, во попродуктивни граѓани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На сè ми се затвори вратата, не можев никаде на друго место да се пробијам, туку според решението на татко ми да се владеам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)