според (предл.) - татко (имн.)

Колку и да се сметаа револуциите резултат на борбата на противречностите, тие, според Татко, завршуваа метафизички.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Козарите кои се избавија од големите селски работни задруги, сега, слезени од планините, според татко ми, се најдоа во стапица.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од сонот, прв изнурнуваше, со своите пораки, со својот комплексен живот, неговиот вујко Фетхи-беј Окијар-Македонецот, од Прилеп, со кого, во младоста, Ататурк, токму во Битола, во која, според Татко, можеби се криеше тајната на вековите, ги коваше плановите за судбината на Отоманската Империја и на нова Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Макар минимално ова влијание врз турскиот јазик, според Татко, се остварува во XVIII век, додека во литературата во текот на XIX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човекот од Месечината не станувал од столот, не одговарал на ниту едно прашање на посетителите, а дишел, вистински дишел, и тоа прилично ги возбудувало лековерните гледачи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа глава, според татко ти, наликувала, на убав резен од лубеница со жолто месо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најголем дел од овие зборови, опасни според Камилски, а неопасни според Татко требаше да минат низ балканвавилонското чистилиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До откривањето на историјата на вистината, според татка, преостануваше да се читаат книгите на сите времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)