Прифаќањето на гледиштата на другите луѓе би било усвојување на аргументи од авторитет, од традиција или општоприфатени, што, според модернистичкиот етос не би требало да се прави.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Карактеристичен белег на модерната ера е убеденоста дека ние не можеме да ја спознаеме самата реалност.23 Додека кај теоретичарите од Средниот век беше прифатено дека можеме да имаме и дека имаме контакт со реалноста или барем со еден дел од неа, модернистите често мислат дека ние сме во допир само со нејзините претстави (representations).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)