Наместо тоа, дејствува според општествената логика на одредницата „кич“ – како средство за погрда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога на жанрот се упатува погрдно и кога тој треба да послужи како дисквалификација, како назив за долна естетска категорија, мелодрамата веќе не важи за камп.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто „мелодрамата“, сфатена како безвредна, недостојна книжевна форма, по правило се користи за да се карактеризираат, а и за да се обезвреднат, сентименталните животи на другите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мелодрамата е камп само кога поимот „мелодрама“ не се користи исклучиво како критикување, само кога неговиот погрден полнеж се расејува и се споделува – со други зборови, кога ветвата етикета „мелодраматичен“, истовремено и абјектен и гламурозен, се прифаќа и се користи за себеси.309
Инаку, кога поимот „мелодрама“ се користи конвенционално како атрибут со кој се принесува жртвено јагне, тој дејствува како омаловажување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)