Па така – работодавачот, на свој трошок, на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со него се изврши класификација на висината на испратнината, и тоа според следниве критериуми: (1) до пет години поминати во работен однос – таа се исплаќа во висина од една плата; (2) од пет до десет поминати работни години – во висина од две плати; (3) од 10 до 15 години – три плати; (4) од 15 до 20 години – четири плати; (5) од 20 до 25 години – пет плати и (6) над 25 години – шест плати (чл. 97, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време (чл. 259, ст.1, ал.3 од ЗРО). 6. Според ЗРО работодавачот е должен на работникот да му ги надомести и трошоците поврзани со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според актуелниот ЗРО – работодавачот, пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, може на работникот да му понуди: 1) вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подго- товка, односно квалификација; 2) стручно оспособување – обука, 286 преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач; или 3) нов договор за вработување [пред от- каз] (чл. 96, ст.1, т.1-3 од ЗРО). A, пак, во случај на прогласување за технолошки вишок, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина – како негово неотповикливо право, и тоа според следниве критериуми: а) до 5 години поминати во работен однос = во висина од една нето-плата; б) од 5 до 10 години работен однос = две нето-плати; в) од 10 до 15 год. = три плати; г) од 15 до 20 год. = четири плати; д) од 20 до 25 год. = пет плати и 6) над 25 год. = шест плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)