Меѓутоа сведоците, како што се прави со шеријата и според шеријатските прописи за сведочење, кажаа друго: навистина Исхак-бег уште жив, бил самиот на сиот овој имот мутевелија и сопственик, но по себе  го определил за мутевелија почитаниот Иса-бег, а по него неговиот најдобар син, по кого да се наредат најдостојните синови на нивните синови. И толку.
               
             
           
            
            
              „Вежби за Ибн Пајко“
               од Оливера Николова 
              (2007)