Додека на празниците на сред село, околу главната чешма, се пееле песни, се играло оро, пиштеле зурлите, удирале тапаните а гајдата, жално или весело, го следела нивниот удар.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
— Охоххо! да му се сурови раце! — викаше Бојко Паленѕов на сред село во Полчишта кога се зборуваше за ова.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Фатете го бегот и обесете го на ова дрво!... - им повела пашата на своите гавази и покажа на муренката сред селото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Момчето се смешкаше невино, како затечено сред село на чешма.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Затоа, повеќето жените ќе дојдеа над работите спрострени по земја на сред село, ќе ги гледаа, гледаа, дури и убави ќе им се видеа некои нешта, ама тантели, чаршави, масла за коси и спрејови навистина не им требаа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И потоа го замислував како да го слушав како малку фалбаџиски им раскажува на луѓето сред село употребувајќи ги зборовите што сега јас му ги ставав в уста: "Бурнав на портата кај него, како секогаш без теклив, да влезам кај братучедот Методија, ама портата однатре затворена, а и резето однадвор не е ставено.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зашто во селото веќе немаше ни крштевки ни свадби, туку само умирачки, само одвреме-навреме го здогледуваа Мицето Стружиклечката како стои како стренџер на сред селото таму каде што обично, на времето, на празници стоеја свирачите дојденци околу кои се виеше селското оро и чекаа Мице да ги застружи клечките од кои не се делеше и да ја рече својата песна со својот како на славеј убав глас.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кој е денес будала добиток да гледа, да се пара по планињето и да јаде сув леб и сол и пипер кога може да седи овде сред село и да го чека поштарот да му ја донесе боречката пензија.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Третиот ден тие уште во мугрите со сета загриженост излегоа на сред село да се прашуваат што се случило и што да прават.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Заради забрзување на дивелопментот во таа насока, тој на брезничани им препорача да ги изнесуваат на сред село своите гостински маси и на проматарите да им ги издаваат под наем.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Нив сега ги дорастажуваше песната на Мице Стружиклечката, сега дошашардисаниот, чијшто убав глас одвреме-навреме ќе одзвучеше од сред село: Три години свадба се спрема, Невеспата чеиз нема...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но, и Мице Стружиклечката се поретко сè појавуваше сред село да запее.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во неделите и на празници во Брезница доаѓаа проматари кои распростираа пластични фолии каде било на сред село и на него ја изложуваа сета своја стока што ја нудеа за продажба, Брчалото тоа не можеше да го поднесе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ние со него, како деца, којзнае колку пати се имавме качувано на таа авлија за да гледаме кон сред село да не здогледаме нешто интересно.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тоа ќе биде како тапан на сред село да си ропнал да ропаш. Боже пази!
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но, не изненади глетката на нови куќи и растрчаните деца сред селото, а најмногу довикувањата на луѓето на албански јазик.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А во селето Аја Кирјаки (Света Недела), сред село, чешма со три цевки од кои без престан тече чиста изворска вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
По локумот и кафето, владиката му вели на нашиот: - Велиш црква да има сред село, ама на повисоко место од џамијата?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Триста години си останавте раја со ваш јазик, вера и име... пред триесет години со моја дозвола, ама со грчки пари сред село изградивте црква и од тој ден се поделивте на патријаршисти и егзархисти и разделница отворивте меѓу вас и се развраживте со големата помош на тие, кои ви се правеа пријатели.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Паркиравме сред село. Понастрана бела Лада со скопски регистарски таблички.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Затоа бегот не им дозволи на бугароманите да градат црква сред село, туку ги истера од сарајот, велејќи им дека можат да се молат во старата црква Свети Атанас, надвор од селото.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
По два часа возење, тракотење и трускање, џипот се спушти во селото и застана сред село.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А и кој нормален би градел музеј тука - за време на локалните избори додуша им ветуваа споменик на сред село, интернет во секој дом и топла вода од сончеви колектори, ама единствено што добија од сето тоа беше плазма телевизор во локалното гранапче, преку кој ги слушаа владините соопштенија.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ама тој час - не би час! - згрмеа коњски копита и сред село пред црквичето дојава чета царски војници.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
По неколку дена се разнесе вест дека доаѓа владиката да го посети селото; започна да бие камбаната на црквата, се собраа луѓето на сред село да го пречекаат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Виде: некои куќи ги нема, некои се изградиле или поправиле; виде нови огради на дворовите, нов мост на реката; гумењата сред село си останале онакви какви што ги паметува пред да го напушти селово, каде што се вршеше жито, каде на празници се играше оро; душата му затрепери, се возбуди.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Нема да одигра со своите другарчиња на чаирот на сред село; нема веќе да ја види мајка си, татка си, брата си, сестра си Анѓа и добриот дедо Богдан.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
При оваа помисла на Митрета му идеше да летне од Соколот и да падне на сред село, барем нешто за нив да разбере.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така тој ги викаше: книгата, петрафилот, крстот и китката од босилок што беа секогаш во торбата, и ајде — долу сред село за в црква.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Третиот ден во мугрите не разбудија и не повикаа сред село.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ноќе влегуваа во куќите, ги извлекуваа младинците и ги собираа сред село.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Слободата на Македонија, за која Грција истури реки крв ние ја гледаме и преку искоренувањето на немилозвучните имиња и презимиња, а имињата на шуми, ливади, чешми, патеки, ридови и таканатаму гледајте што поскоро да ги смените со слаткозвучни грчки имиња, зашто во спротивно цела недела сред село мечка оро ќе игра...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стуткани еден до друг, навалени и прилегнати тело до тело, се предаваат на спомените, под стегнатите клепки се втиснува се што беше дома, што беше радост, што беше софра, игра и песна и смеа сред село.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Младинците не се собраа сред село и не тргнаа долж широкиот селски сокак што се протега од горната до долната маала.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мислиш не ме боли мене тој црн ден што се случи во вашето село додека ме славевте на сред село со најубави благослови и плодови?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)