Ќе го отепам на пазар во Прилеп, сред бел ден.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кој каде ќе може нека а преоѓа Црна и нека a ваќа Становица златна — си ја даде Толе командата и го јавна Белчета тргнувајќи на сред бел ден во заштита на опколените Златковци и Железаровци на ЛиЃураса.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А тие што се завртуваа, иако забележуваа некакво движење на луѓе, мислеа дека аскер од други табури им иде на помош, та Толевци слободно се приближија кон ужина до самиот нивен грб, на стотина метра, и користејќи ја шумата и карпите низ неа, како и доминантната положба на врвот (Толе секогаш гледаше да биде на повисоко од потерите и тоа го спасуваше), отворија оган од своите дваесетина манлихери и берданки пак в грб на аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие мисли ме напаѓаат, што се вели – сред бел ден, а јас, наместо да се бранам, пуштам да ми се редат, правејќи ми го тромавото тело уште попивтиесто.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Погледнав во „Ракетата“. 18:41:45.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Проституцијата се одвива сред бел ден, токму пред очите на граѓаните, а надлежните власти не се способни да го решат проблемот - гракаше новинарката, секако со лична нота во кажаното.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Сѐ додека дома, еднаш сред бел ден, кога се подена тоа прашање, татко му, предвоен доктор, не си ги избриша мустаќите од неделниот ручек и авторитетно заклучи, како само од себе да се подразбира, но и без приговор: - Се разбира, медицина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во замрените гради на уплаканиот селанец тагата-ко новороденче сред бел ден, пустош,...гнезда испразнети...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сред бел ден станало темница.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)