Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дали не ме има заборавено? – се прашаше сама со себе Велика и во сред радосниот занес солзите и навираа на очите, та беше принудена да се секне и да си го брише носот за да си ги избрише и солзите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)