Грција (прид.) - амбасадор (имн.)

Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Завршувајќи го протестното писмо, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз се надевале дека "на грчкиот народ наскоро ќе му биде овозможено да создава вистинска демократија и остварување на целосни права на Македонците во Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секојдневните информации за присилните миграции на македонското население од делот на Македонија во рамките на Грција во Југославија, Бугарија и во Албанија, како спас од преземениот терор од страна на грчката реакција беше повод Македонско-американскиот сојуз на 17 јули 1945 година да се обрати со протестно писмо до грчкиот амбасадор во САД, Дијамантопулос.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)