Земјин (прид.) - топка (имн.)

Името, знакот, она малку преостаната идентификациона енергија, сето тоа флаширајте го и пратете го навака. 8 Margina #15-16 [1995] | okno.mk АНДРЕЈ ТИШМА И ABBE BUZONI ГО ПИШУВААТ ДИСОНАНТНИОТ МЕЈЛ АРТ ТЕКСТ КАКО ЕДЕН АВТОРЕФЕРЕНЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ КОН АСПЕКТИТЕ НА МЕЈЛ-АРТОТ Историја Мејл-артот (англ. mail-art - поштенска уметност) како организирано и осмислено уметничко движење се јавува кон крајот на педесеттите и во почетокот на шеесеттите години на овој век, речиси едновремено на разни места на земјината топка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Целата земјина топка. Еве ја Азија, и Африка, и Европа. И сите мориња, и сите реки, и сите градови.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Страшен и семоќен ми се стори крај шарениот глобус - како господ, господар на Земјината топка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тоа време најубавиот крај на земјината топка беше широчината на крајот на нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Тој целиот живот го помина со амалскиот самар на грбот, со амалската ортома околу половината, со проклетството на Атлас и на Сизиф, да ја крепи и пренесува земјината топка.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од другата страна на земјината топка е.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој целиот живот го помина со амалскиот самар на грбот, со амалска ортома околу половината, со проклетството на Атлас и на Сизиф, да ја крепи и пренесува земјината топка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штетната наклонетост 132 okno.mk на човековиот ум да размислува за сè што се случува на земјината топка ќе беше совладана и насочена на исклучително служење кон посочените цели и ставови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Звуците се лиеја и се ширеа над кутрите глави, над лудницата, над Хабаровска улица, над Советскиот Сојуз, над земјината топка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој владин орган, бидувајќи поддржан со доволно полициско и административно дејство на власта, ќе биде за јавното мнение неопходна yвезда, патоказ, светилник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ајде да запееме заедно. Тие запеаја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Земјината топка се врти полека како празен екран од кој паѓа снег... Stay tuned.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Светот е soap-noir, и тоа е неговиот последен жанр, слика којашто земјината топка, рушејќи се како мртва ѕвезда, уште долго ќе ја испраќа во вселената...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неколку правнуци на првиот живеат во Цариград; по едно мое трагање, занает на кој не сум му дораснат, сега знам дека некои потомци на вториот, отселени во овие чудни времиња на човечки движења од овој крај кон неколку точки на земјината топка, живеат во Австралија и во Канада. тие не знаат едни за други. меѓу нив лежат земји, мориња народи и не ги сврзува ни љубов ни омраза. Ништо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ли нашите „херои” на војната, патријархалните мажи-војници, денес себе се покажаа како најзаплашени суштества на земјината топка?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секој друг на земјината топка веднаш ќе одговореше дека ја издал Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скопје е контекстот. Земјината топка. Малото холограмче калдрма.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ама само најнадарените меѓу нив ем си грицкаат ем си пеат Вино пијам ем ракија коња јавам аџамија Пеат и за Марко пијаницата и други дојденски песни пеат Па откако ќе си ги стивнат дертовите Држат говори и делат бесплатни совети За тоа како се убива здодевноста Патем и за тоа како се убиваат лилјаци или кукубари Ако непоканети ви влетаат во сонот Кога ќе си ги стивнат дертовите Некои коали лежерно и онака мангупски Им намигнуваат на какадуите Наредени на сува гранка на едно суво дрво Кој им е виновен на белите какадуи Што севезден испуштаат само темни вокали И како такви не се за прибирање На живите гранки на живите еукалиптуси А и не е баш прецизно утврдена дозата на страв од височина Што му е вродена на секој бел папагал А не се вели кој ниско лета високо сонува Како што и од темните вокали не излегуваат бели соништа Од друга страна во обоените соништа на коалите Често знае да заскита и некој шарен папагал Колку пошарен толку пошарени лаги кажува Сам си се лаже сам си верува А верува на пример дека ги знае наизуст Сите сонови на сите кардинали попови и професори Згора и на сите дипломати старлети и куртизани И уште позгора на сите будалетинки, гологази и давајгази Ни срам ни перде нема шарениот папагал Баш мене на коалата папсана од сонување Да ми ги расправа соништата баш на тие Кои ниту знаат ниту сонуваат ниту некогаш ќе сонуваат А кардиналите и поповите се такви И дипломатите и куртизаните се такви За нив сонувањето отсекогаш било изгубено време Колку повеќе сонуваш толку помалку проповедаш Колку повеќе сонуваш толку помалку се тртиш А современиот живот не може да се замисли Без обилни проповеди и обилни тртења Од некои тртења се добиваат хемороиди Но тоа не значи автоматски дека педеризмот зема замав Во царството на нашите соништа А секој пред да почне да се трти Треба да си знае дека од тртење Не се добива насмевката на Јуриј Гагарин По првото облетување на земјината топка Ами од тртење се стенка и се стенка Се стенка до последното нежно офнување.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Некои велат дека господинот Сенка живее длабоко под земја, движејќи се низ еден систем од специјално изградени засолништа („внатрешноста на Земјината топка е како швајцарско сирење за тој монструозен глушец - крал на дупките!“); други одмавнуваат со главите и велат: „Глупости, дури и нему му треба светлина!“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повозвишен свет од светот на играчките немало на земјинава топка ни во една сказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Следните триест години ќе ја заобиколи земјината топка на одговорни дипломатски функции, ќе службува во Стокхолм, во Хелсинки, во Исламабад, во Токио, но најчесто ќе навраќа на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Збор ти давам. Земјината топка прска од силен и тежок удар на зелена барска трска... Чудни чуда, чудни чуда!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Земјината топка испукана од ждрелото на разорен топ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Додека границите, засилени со бодликава жица, не пропуштаа ни пилиња преку нив, писмата сепак пронаоѓаа пукнатини преку кои се провлекуваа и стигнуваа до секое катче на земјината топка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)