Кина (прид.) - сервис (имн.)

Чосеровите „Кентербериски приказни“ и алегоријата над еснафски или физогномски насловените играчи се појавува во „Давење по броеви“ низ Смутовото набројување на правилата на играта „Крикет на обесениот“: - Најважни членови на играта се Императорот, Вдовицата, Судијата, Обесениот, Духот, Црвената Кралица, Дебелата Дама, Глупчото, Близанците, Човекот од кинескиот сервис за чај, Дивјакот, Готвачот, Генералот, Затвореникот, Питачот, Крадецот и Свештеникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)