81 До тие информации Форин Офис доаѓал преку фаќање и дешифрирање на германските телеграми испраќани до Хитлер. Woodhouse C.M.,The struggle for Greece, London 1975. 82 Working with Churchill, London 1968. 83 Mayers C. B. E., 5.Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London. 84 Ibidem. 85 Јосип Броз Тито, Собрани дела, том седумнаесетти, 1 октомври - 30 ноември 1943, Коминист, Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, Скопје 1983, 41. 86 Ibidem. 86 Во Петата оперативна зона во кумановскиот реон, на Козјак Планина, покрај јужноморавските и косовските единици, Кумановскиот и Шарпланинскиот одред дејствувал и баталјонот „Јордан Николов“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат. Ете што направивме!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја ослободивте ли пуста Македонија? — ги засипа со прашања Ѓорче Петров во еден од првите септемвриски дни беловодичките раководители Игета, поп Пана, Милана и Тошета, кој со сто и триесет момчиња и осум маски џебане се проби низ Кратовско Кумановскиот реон, го прејде Вардар над самиот Велес и преку Азот ја фати Бабуна, да може некако да помогне, ако е за помогнување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)